СДСМ: Криминалниот однос на ВМРО-ДПМНЕ кон здравјето, придонесе за опаѓање на вакцинирањето

140
ФОТО: EPA / YAHYA ARHAB

Катастрофалните и криминални политики на ВМРО-ДПМНЕ во здравството резултираа со урнисан здравствен систем, погазени права на пациенти и катастрофално лоши услови за работи на здравствениот персонал. Ова стои во соопштението од Центарот за комуникации со јавноста на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија.

– Таквиот криминален однос на ВМРО-ДПМНЕ кон здравјето на граѓаните придонесе да опадне  опфатот со вакцинација во 2014 година, а со тоа и да се намали колективниот имунитет – се наведува во соопштението.

Оттаму додаваат дека „денес Владата и Министерството за здравство ја враќаат разнишаната доверба во здравствениот систе. Граѓаните ги прифаќаат препораките на Министерството и секојдневно расте бројката на вакцинирани. Според достапните податоци, досега вакцинирани се над 6000 лица со МРП вакцината“.

– Антинародното ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Микцкоски шират лажни вести и злоупотребуваат трагедии во обид да создадат неоснована паника меѓу граѓаните. Вакцините се безбедни и се со добар рок на траење, од проверен европски производител, со два сертификати: за квалитет од производителот и од контролна лабораторија. За разлика од криминалниот однос на ВМРО-ДПМНЕ во здравството денес Владата предводена од СДСМ и надлежното министерство спроведуваат суштински реформи кои го унапредуваат здравствениот систем. Растат платите на лекарите, специјалистите и медицинскиот персонал, се инвестира во нова опрема и возила, изнајдено е одржливо решение за изградба на нов, модерен Клинички центар кој ќе пружа интегрирани здравствени услуги – стои во соопштението.

ФОТО: EPA / YAHYA ARHAB

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...