Дебаклот што Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ го доживеа на митингот во Скопје, слабата посетеност и откажувањето на средбите со граѓаните, неспособноста, незнаењето, неискреноста на Сиљановска, ги потиснаа сите нивни лажни претставувања, соопштија денеска од СДСМ
Впрочем и ВМРО-воајерска е нивна матрица, на Груевски и неговиот дублер Мицкоски, кои упаднаа во приватните животи на граѓаните, со масовно прислушкување, следење, монтирање процеси…
Сценарија има само во главите на Мицкоски и Груевски и поразот на овие претседателки избори ќе биде пораз на нивните мрачни сценарија и на сите обиди да го закочат напредокот на земјата.
Нема да успеат сценаријата на Мицкоски диригирани од неговиот ментор од Бидумпешта.
Граѓаните ги отфрлаат деструкциите, блокадите, кочењата, лагите на Мицкоски, Сиљановска и Груевски. Граѓаните не сакаат враќање назад, изолација, неизвестност, туку напредок, сигурна иднина, НАТО, ЕУ, повеќе пари, подобар живот.
Затоа в недела граѓаните ќе излезат. Македонци, Албанци, Турци, Срби, Бошњаци, Роми, Власи, сите!
Со гордост и со пенкалото в рака ќе изберат напредок, сигурна и стабилна иднина, ќе го изберат концептот на Стево Пендаровски.