СДСМ: Иронично е најкриминалната партија да бара владеење на правото

Оттаму посочуваат дека амнестија за сторениот криминал нема да има за никого.

659

ВМРО-ДПМНЕ може да ги врати и ќе ги врати единствено милијардите евра што ги украде од граѓаните за време на 11 годишниот грабеж што го правеше врз државата, правдата и неселективното владеење на правото се одамна вратени, реагира СДСМ на барањето оставки од ВМРО-ДПМНЕ поради скандалот со грантовите.

„Нема поголема иронија од тоа ВМРО-ДПМНЕ најкриминалната партија во историјата на Македонија, партијата симбол на грабеж, корупција и неправда да бара правда и владеење на правото“, се вели во реакцијата.

Од СДСМ додадваат дека опозициската ВМРО-ДПМНЕ  да не се грижи, правдата е вратена, одговараат сите што го прекршиле законот, а парите се враќаат назад во Буџетот.

„Доказ за тоа е пресудата против поранешниот премиер и претседател на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски, како и пресудата против бизнис партнерот на Груевски, Сеад Кочан кој ќе врати незаконски стекнати 17 милиони евра назад во Буџетот“ појаснуваат од СДСМ.

Оттаму посочуваат дека амнестија за сторениот криминал нема да има за никого.

„Нема повеќе заштита на криминалот, нема повеќе пљачкања под превезот на лажен патриотизам. ВМРО-ДПМНЕ и криминалните групи околу него треба да знаат дека освен одговорност, секој денар украден од граѓаните ќе биде вратен назад во Буџетот.
Колку и тоа да не му се допаѓа на ВМРО-ДПМНЕ, денес законите важат за сите подеднакво и секој кој постапувал незаконски се соочува со одговорноста“ стои во реакцијата.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...