СДСМ: Има ли Мицкоски план за европска иднина на Македонија?

578

Ајде Мицкоски, ако немаш план за бојкот поддржи го планот за влез на Македонија во НАТО и ЕУ. Ако Мицкоски нема план за бојкот, има ли план ЗА европската иднина на Македонија?, соопшти СДСМ.

– Македонија сега слободно дише и има еден план, стратешки план за влез во НАТО и ЕУ, за сигурна и стабилна иднина. ВМРО-ДПМНЕ веруваме го има истиот план. Ајде Мицкоски поддржи го планот за влез на Македонија во НАТО и ЕУ со заштитен и признаен македонски идентитет. Поддржи и приклучи се кон огромното мнозинство граѓани, партиски и непартиски граѓани, кои сакаат Македонија да успее, да ја биде. На 30 септември нема да има избори, тој ден не е за битка меѓу партии, не е за битка со Мицкоски. 30 септември е ден за голема одлука на сите граѓани. Одлуката за македонската иднина, стои во соопштението.

Од паетијата додаваат дека да сака СДСМ уште утре ќе го порази Мицкоски на избори, но, сега прашањето е за иднината, таа одлука е многу поголема од сите политички партии заедно.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...