СДСМ: Иванов е политичка дивоградба на Никола Груевски

886

Ѓорѓе Иванов работи на директна штета на граѓаните, против Македонија и против македонската иднина, соопшти СДСМ.

„Со денешните ставови Иванов самиот потврди дека не е претседател на сите граѓани, туку партиска марионета на ВМРО-ДПМНЕ, политичка дивоградба на Никола Груевски.
Цели 9 години Ѓорѓе Иванов не направи ништо за Македонија, не направи ништо за граѓаните.
Молчеше за масовната партизација, за нападот на Собранието на 27 април, молчеше за притисоците кон медиумите, за апсења и затворања на новинари, за газењето на демократијата, човековите права и слободи.

Иванов се јавува само кога треба да легализира децениски криминал, да аболицира криминалци, да штити насилници.Очигледно се уште е во функција на нивна одбрана.
Ако било можно членството во ЕУ и НАТО без решение на спорот со Грција, како што денска тврдеше тој, зошто во изминтите 9 години Иванов и ВМРО-ДПМНЕ не го постигнале тоа?

Договорот со кој се става крај на 25 годишниот спор што ја влечеше Македонија наназад го заштитува и зацврстува македонскиот идентитет и обезбедува полноправно членство во НАТО и почеток на преговори со ЕУ.

Обезбедување на македонската иднина и иднината на граѓаните е вистински патриотизам. Тоа е непознат термин за Иванов. Граѓаните мора и ќе го имаат последниот збор, на референдум. Доста беа децениски порази, време е за победи.
ДА, за македонската иднина, стои во соопштението.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...