СДСМ: Иванов е остаток од криминалното владеење на ВМРО-ДПМНЕ

281

Блокирањето на процесот на назначување амбасадори што го спроведува Ѓорѓе Иванов е уште една потврда дека ниту се грижел, ниту пак се грижи за интересите на граѓаните и државата, раегира СДСМ.

– Во клучниот период кога се обезбедува европска иднина на Македонија и нејзините граѓани, Иванов со своите постапки се обидува да ја закочи македонската иднина, да ја врати државата назад. Со таквиот начин на делување Иванов докажува дека е остаток од едно криминално владеење на ВМРО-ДПМНЕ кое во целост беше спротивно на интересите на државата и граѓаните. Иванов делува е единствено во заштита на криминалите на власта на ВМРО-ДПМНЕ.
Во интерес на граѓаните и државата, правдата во Македонија треба да расчисти со наследството на 11 годишното криминално владеење на ВМРО-ДПМНЕ како и со функцијата на Ѓорге Иванов, човекот што се обиде да ги амнестира и се уште ја кочи иднината на земјава.
Македонија тргна напред и се гради како модерна, демократска и напредна држава, идна полноправна членка на ЕУ и НАТО и сите обиди на Иванов да ја врати во времето на изолација, поделби и стагнација нема да бидат успешни, стои во соопштението.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...