СДСМ: Зошто на Мицкоски му пречи тоа што македонскиот идентитет ќе биде признаен од целиот свет?

Мцкоски да не се крие зад лажните вести што секојдневно ги пласира ВМРО-ДПМНЕ, да излезе пред граѓаните и да соопшти за што е, бара СДСМ.

682

Фокусот на граѓание воопшто не е погрешен како што се обидува да тврди Мицкоски, реагира СДСМ на изреченото во интервјуто за Алсат М, на лидерот на опозиционата ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

– Граѓаните се за светла иднина, за членство во НАТО и ЕУ, со зачуван и зајакнат македонски идентитет -велат од СДСМ.

Од СДСМ појаснуваат дека: во Член 1 од Договорот со Грција, стои дека државјанството е „македонско“ а официјален јазик е „Македонски јазик“.

„Појаснето е и значењето на терминот „македонски„ и се додава дека нема на било кој начин да се поткопа, измени или влијае на употребата од страна на граѓаните.Македонски јазик, Македонци, Македонка, македонско оро, признаени од цел свет еднаш засекогаш“, се појаснува во реакцијата.

СДСМ прашува: Зошто на Мицкоски му пречи тоа што македонскиот идентитет ќе биде признаен од целиот свет?

„Мицкоски да не се крие зад лажните вести што секојдневно ги пласира ВМРО-ДПМНЕ, да излезе пред граѓаните и да соопшти за што е. Или е за светла иднина или темно минато. Или е за напредок, членство во НАТО и ЕУ или за уназадување, криминал, изолација, враќање назад“, се додава во реакцијата.

Од СДСМ тврдат дека граѓанитена на 30 септември ќе изберат светла иднина, ќе изберат членство во НАТО и ЕУ со зајакнат и признаен македонски идентитет.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...