СДСМ за џипот: Нема повеќе МВРО-ВМРО, ако има неправилности ќе има и мерки

4039

Времето на злоупотреби заврши, тоа треба да им биде јасно на сите. Нема повеќе МВРО-ВМРО, нема повеќе сокривање или бегање од одговорност, реагираат од влаејачката СДСМ по случајот со полицискиот „ренџ ровер“ кој беше фатен во Грција.

– Како што соопшти Министерството за внатрешни работи, за споменатиот случај извршени се соодветни проверки а во тек е и дополнително утврдување на сите факти. Доколку се утврдат неправилности ќе бидат преземени соодветни мерки. Тоа е разликата со која не може да се помири ВМРО-ДПМНЕ ниту пак може да ја разбере – велат од СДСМ.

Откако за овој случај реагираше и опозицијата велејќи дека власта прави злоупотреби, од партијата на власт посочуваат дека граѓаните знаат какви злоупотреби се правеа на сите нивоа во државните институции, вклучително и во МВР, за време на 11 годишното криминално владеење на ВМРО-ДПМНЕ.

– Почнувајќи од прикривањето и заштитата на криминалот на фамилијата, незаконското прислушување, злоупотребите и партизацијата на полицијата, па се до претворањето на министерството во партиски штаб на ВМРО-ДПМНЕ за време на изборите – потсетува СДСМ.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...