СДСМ за ставот на ВМРО за лустрацијата: Уште еден доказ дека Груевски му шефува на Мицкоски

На ниту еден начин ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски не се дистанцираат од грешките и злоделата на Груевски. ВМРО ја злоупотреби лустрацијата, за политички, партиски, дури и за лични цели. Тоа можевме да го слушнеме и во прислушуваните материјали, каде што високи функционери на ВМРО-ДПМНЕ си нарачуваат лустрации по желба - рече Калеска.

371
Најавата на ВМРО-ДПМНЕ дека ќе го блокира поништување то на лустрацијата е уште еден доказ дека Груевски му шефува на Мицкоски, изјави пратеничката Снежана Калеска Ванчева од СДСМ.
Таа реагира на ставот на ВМРО ДПМНЕ дека ќе ги искористи сите механизми за да оневозможи поништување на лустрацијата.
– На ниту еден начин ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски не се дистанцираат од грешките и злоделата на Груевски. ВМРО ја злоупотреби лустрацијата, за политички, партиски, дури и за лични цели. Тоа можевме да го слушнеме и во прислушуваните материјали, каде што високи функционери на ВМРО ДПМНЕ си нарачуваат лустрации по желба – рече Калеска.
Таа додаде дека целта на законот за поништување на лустрацијата е да ја исправи неправдата што ВМРО им ја нанесе на многумина политички неистомисленици. Инаку, Законот за поништување на лустрацијата во прва фаза е на дневен ред на денешната седница на собраниската Комисија за политички систем.
Но седницата, се уште не е почната. ВМРО-ДПМНЕ бара министерката за правда, Рената Тренеска Дескоскa ,да се појави во Собранието и да го образложи законското решение.
По паузата од половина час што ја даде претседателот на Комисијата, Александар Кирацовски, опозициските пратеници не влегуваат во салата, така што нема кворум за да почне расправата.
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...