СДСМ: За иднината нема да одлучува деструктивниот Иванов, туку сите граѓани

273

Ѓорѓе Иванов работи на директна штета на граѓаните, против Македонија и против македонската иднина. Во клучниот период кога земјава е пред шанса за добивање на датум за почеток на преговори за членство во ЕУ и пред шанса за добивање покана за влез во НАТО, Иванов продолжува со деструктивните политики со што нанесува штета на државата и граѓаните, реагираат од владејачката СДСМ откако претседателот одлучи да не го потпише Законот за ратификација на Договорот со Грција.

„Нема поголемо дело против државата и граѓаните од погрешното, деструктивно однесување на Иванов денеска но и во изминатите години, кој освен одбрана на криминали, заштита на насилници не направи ништо за Република Македонија и нејзините граѓани.Иванов не смее да ја кочи македонската иднина. Постигнатиот Договор меѓу Македонија и Грција е патриотски чин, го заштитува и зацврстува македонскиот идентитет и обезбедува полноправно членство во НАТО и почеток на преговори со ЕУ. За иднината нема да одлучува деструктивниот Иванов, туку сите граѓани“, пишува во соопштението на СДСМ.

Оттаму велат дека на референдум граѓаните ќа ја искажат својата волја и убедени се дека истиот ќе успее.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...