За СДСМ актуелниот случај покренат од обвинителството, во кој осомничени се Бојан Јованоски – Боки 13 и Зоран Милески – Кичеец, е доказ дека постои заштитен механизам на релација граѓани – обвинителство – МВР кој го штити општеството и кој може да се справи со евентуални случаи на корупција, соопштија од партијата.
„Државата изгради институции и создаде систем коишто се борат против корупцијата и криминалот.Сите се еднакви пред законите, а правда мора да има.СДСМ ги охрабрува и ги повикува надлежните институции да спроведат длабинска и независна истрага, да постапуваат исклучиво според законите со крајна цел владеење на правото во нашата земја.Правосудните процеси за овој, но и за сите други случаи мора да се спроведат до крај и правдата да биде задоволена, во интерес на граѓаните и државата“, пишува во соопштението на СДСМ.