СДСМ: Единствената мисија на Иванов е загрозување на иднината

478

Единствената политичка мисија на Ѓорѓе Иванов е загрозување на иднината, да прави штета врз врвните национални и државни интересии, бранејќи го по секоја цена  криминалот на ВМРО-ДПМНЕ, реагира СДСМ на обраќањето на Иванов.

– Иванов, последниот остаток од режимот на ВМРО-ДПМНЕ е лице кое што сака Македонија да не успее, лице кое сака Македонија да остане во изолација.

Иванов воопшто не се грижи за иднината на државата и нејзините граѓани, тој цврсто стои на страната на темното минато на изолација, уназадување и неизвесност.

Но, колку и да се труди Иванов, Македонија,граѓаните нема да му дозволат да ја закочи македонската иднина.

Волјата на граѓаните е јасна и силна. Над 600.000 граѓани на референдум јасно се определија за влез во ЕУ и НАТО со загарантиран македонски идентитет.

Волјата на мнозинството е конечна и таа мора да биде почитувана од сите, вклучително и на Иванов, лицето што се уште срамно и недостојно ја извршува функцијата – стои во соопштението на СДСМ.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...