СДСМ: Да не се мешаат децата на политичарите, оти тоа потсетува на кампањата на Груевски

831

Заглавени во сопствената безидејност Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ преку Унијата на млади сили спроведуваат ниска и неморална кампања. Злоупотребуват приватност, ги вмешуваат децата и семејствата на политичари. Ова го изјавил Александар Димитриевиќ од СДММ, стои во соопштението од Центарот за комуникации на СДСМ.

– Објавеното видео на социјалните мрежи од страна на  Јован Јаулески, претседател на УМС, на кое приватни фотогорафии на деца на политичари се ставени во друг контекст, не е само упад во приватноста туку директно посегнување по семејствата. Таквиот однос и злоупотребата на семејствата, на приватноста, не треба никогаш да биде дел од партиската или политичка дискусија – рекол тој.

Димитриевиќ додал оти „СДСМ најостро го осудува овој срамен и неморален потег на УМС, на Јаулески и на Христијан Мицкоски“.

– Осудуваме секаков обид децата и членовите од потесното семејство да се злоупотребуваат во дневнополитички цели, во измислени контексти кои немаат врска со реалноста. Семејството има посебна важност и не смее да биде користено во партиската и политичка комуникација. Во оваа насока СДММ го осудува и нападот кон синот на Гордана Силјановска и обидите за негова дискредитација или злоупотреба во други цели – изјавил тој.

Во соопштението стои оти „оваа мизерна кампања на УМС и Мицкоски треба да престане. Тоа што немаат идеја, немаат програма ниту став за важните прашања не е изговор“.

– Ваквата ниска и неморална пракса која многу потсетува на манирите на режимските кампањи на Никола Груевски не носи добро никому, ниту буди поттик или позитивни промени за младите. Напротив, таквото неморално дејствување на УМС е со цел да создава раздор, конфликт, омраза и ја вмешува политиката таму каде што не и е местото. Очигледно ништо не се променило, за Христијан Мицкоски, УМС и ВМРО-ДПМНЕ нема никакви морални бариери ниту вредности. Младите, граѓаните јасно можат да го видат тоа – се наведува во соопштението.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...