Единствено што може да понуди антинародното раководство на ВМРО-ДПМНЕ е одбрана на криминалот на Груевски. Пензииите растат, следува и социјална пензија,реагира СДСМ на најавата дека ВМРО-ДПМНЕ со законско решение ќе бара зголемување на пензиите за 10 отсто.
– Лицемерно е антинародното раководство на ВМРО-ДПМНЕ партијата што со години ги манипулираше и потценуваше пензионерите, денес да се обидува да им се додворува – стои во соопштението.
Оттаму велат дека да не се посветело ВМРО-ДПМНЕ на крадење на народните пари, ќе можело значително да се зголемат пензиите и Фондот на ПИОМ ќе немал финансиски проблеми.
– Но, наместо тоа, со криминалните и расипнички политики, ВМРО-ДПМНЕ го зголеми буџетскиот дефицит во Фондот за пензиско и инвалидско осигурување. Создаде огромна финансиска дупка, а на пензионерите не им го исплаќаше ниту законското усогласување на пензиите. За разлика од таквиот потценувачки однос кон пезнионерите од страна на ВМРО-ДПМНЕ, Владата предводена од СДСМ гради партнерски однос со пензионерите и се санираат сите штети што ги создаде претходната власт – се наведува во рекацијата.
Појаснуваат дека законското усогласување на пензиите со растот на платите и трошоците за живот се исплаќа двапати годишно, а просечната пезнија во септември 2018 изнесувала 14.500 денари што било речиси 1.400 денари повеќе отколку во септември 2016.
– Пензиите растат и ќе растат и понатаму, а нивната сигурна исплата и во иднина е обезбедена. Истовремено, со предвидената пензиско – социјална реформа, ќе се стабилизира дефицитот на ПИОМ, законското усогласување на пензиите ќе продолжи да се прави два пати во годината, а се вовоедува и социјална државна пензија за лицата кои немаат доволно стаж за да добиваат пензии. Тоа е фер и правден однос кон сите постари граѓани кои придонеле во грдењето на нашето општество – стои во рекацијата.