СДСМ: Граѓаните нема да дозволат нов Иванов

208

Граѓаните нема да дозволат нов Иванов, се вели во соопштението од Центарот за комуникации со јавноста на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија.

– За граѓаните, распишувањетo на претседателските избори навестува време за избор нов, вистински претседател на сите граѓани, кој заедно со Владата предводена од СДСМ ќе работи за државата, за народот, за иднината, за интеграцијата во ЕУ – стои во соопштението.

Оттаму велат дека „Македонија тргна напред, го доби своето место во НАТО, иднината е обезбедена и сигурна, време е за нови чекори за интеграција во ЕУ, засилен економски раст, инвестиции, повеќе пари кај граѓаните“.

– Затоа, распишувањето на претседателските избори навестува и една очекувана вест за антизападниот Христијан Хидро Мицкоски: го чека пораз на изборите заедно со неговиот кандидат. Граѓаните сакаат напредок, иднина, развој, интеграција. Не сакаат деструкција, назадување, блокирање, враќање назад – се наведува во соопштението.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...