Генералниот секретар Александар Кирацовски, во име на СДСМ упати честитка до поглаварот на Исламската верска заедница, Реис Ул Улема Хаџи Сулејман ефенди Реџепи и до граѓаните кои го чествуваат празникот Рамазан Бајрам.
„Во деновите на празнување на Рамазан Бајрам, нека секој Ваш дом биде исполнет со мир, љубов, хармонија и радост. Големите верски празници не се само да нѐ потсетат на милоста и прошката која треба да ја имаме за себе, за блиските, за пријателите и на оние на кои им е потребна. Тие се суштина на ширењето на добрината, на човечноста, меѓусебната почит и добрата мисла. Да останеме цврсто обединети во заедничкиот стремеж за унапредување на меѓусебните односи кои и досега се градења во духот на меѓусебното разбирање и толеранција. Заедно да продолжиме по патот на создавањето и промовирањето на вредностите за заедништво, просперитет и развој на Македонија“, пишува Кирацовски во честитката.