СДСМ го отфрли и пред да го види законот за амнестија за 27 април на ВМРО-ДПМНЕ ВИДЕО

2329
ФОТО: EPA/MAJA ZLATEVSKA

ВМРО-ДПМНЕ најави дека законот за амнестија на сите учесници во настаните од 27 април ќе го поднесе по скратена постапка. Но и пред тој да дојде во рацете на пратениците од мнозинството, СДСМ експресно го отфрли.

Закон за амнестија позициската партија в понеделник ќе го достави во Собранието.

-Со негово неприфаќање по брза постапка да биде спроведен, власта само ќе покаже дека е за една селективна правда во насока на она што се нарекува уцена на дел од пратениците, кои што спротивно од сопствена волја, со самота тоа што се обвинети, осудени не може да донесат одлука по сопствена волја за едно вакво прашање како што се уставните измени – изјави портпаролот на ВМРО ДПМНЕ Наум Стоилковски.

Од СДСМ се децидни дека може да има само помирување, но не и амнестија.

– Предлогот на антизападното раководство на ВМРО-ДПМНЕ е буквално брутален упад во правосудството. Како одговорна и државотворна партија се водиме да го почитуваме принципот на правна држава и во таа насока може да зборуваме за подавање рака, може да зборуваме за помирување, но никако не може да зборуваме за амнестија, која што де факто значи упад во правосудниот систем, одговори Костадин Костадинов, пратеник од СДСМ на новинарско прашање каква ќе биде позицијата на пратеничката група на социјалдемократите за законот за амнестија што ВМРО-ДПМНЕ ќе го поднесе по скратена постапка.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...