Започнаа постапките за избор на кандидати за пратеници на СДСМ. Покрај кандидирањето од страна на Општинските организации, Градската организација и Извршниот одбор, отворена е можноста за самокандидирање, информира Блажена Огненовска од СДСМ.
– СДСМ како партија насочена кон младите, целосно ја почитува одредбата за 30 отсто застапеност на млади на пратеничките листи. Доколку ги делите социјалдемократските вредности, доколку имате визија и решенија за квалитетни младински политики, доколку сте препознаени како чесни и угледни личности ве повикувам да се вклучите во постапката на самокандидирање.
Покажавме дека постојано ја отвораме партијата за нови, млади и квалитетни кадри, идеи и проекти. Така е и сега и така и ќе продолжиме! Ќе се спроведе транспарентна, инкулузивна и професионална постапка. Потоа на Конгрес ќе дојдеме до имињата на најдобрите кандидати кои ќе се најдат на пратеничките листи. СДСМ знае да го цени и почитува квалитетот и потенцијалот на млади луѓе, нивната енергија и визија. СДСМ отсекогаш работел заедно со младите и во нивен интерес – вели Огненовска.