ВМРО-ДПМНЕ ја загади Македонија и со своите криминални, расипнички и неодговорни политики директно придонесе Скопје да стане еден од најзагадените градови во Европа. Ова се вели во соопштението од Центарот за комуникации со јавност на СДСМ.
– За разлика од таквиот однос на ВМРО-ДПМНЕ, во Македонија никогаш немало посилна здружена акција за чист воздух. Сите институции на централно и локално ниво со силен порив го обвновуваат уништеното зеленило, ги решаваат сите извори на загадување. Во тек е есенска акција за засадување на Град Скопје, кадешто ќе бидат засадени околу 3.500 висококвалитетни садници низ сите скопски општини. АД ЕЛЕМ почна акција за пошумување на просторот околу РЕК Битола, каде на просторот помеѓу селата Новаци, Брод и Гнеотино ќе бидат засадени 50 илјади багремови дрва, со цел да создаде заштитен зелен појас за населените места, да се обезбеди што е можно повеќе услови за намалување на загадувањето и природни услови за прочистување на воздухот – стои во соопштението.
Оттаму наведуваат дека „низ цела Македонија континуирано се чистат диви депонии, се расчистуваат коритата на реките и каналите од комунален отпад и ѓубре, а истовремено е засилен е инспекцискиот надзор и контрола против загадувачите“.
– Во рамки на Планот за чист воздух, на 800 семејства во Скопје, 150 во Битола, 150 во Тетово, ќе им се доделат инвертори, за да ги заменат старите нееколошки печки на дрва и да се греат еколошки. Во дворовите на градинките ќе бидат засадени 1.700 висококвалитетни садници, а во голем број училишта се поставуваат прочистувачи за воздух. Проблемот со аерозагадувањето е сложен и долготраен, затоа сите надлежни инсититуции секојдневно преземаат мерки за намалување на загадувањето, со цел за две години загадувањето да биде намалено за 50 отсто во Скопје, а за 30 до 50 отсто во цела Македонија. Чистиот воздух и здравата животна средина остануваат врвен приоритет за СДСМ – стои во соопштението.