СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ скокна да измислува апликации кои не постојат, СДСМ користи модел од Шведска

Не е точно дека постои апликација „Големото око“, како лажно што обвинува ВМРО-ДПМНЕ, ниту пак дека е прекршен изборниот процес или личните права на граѓаните, најмалку дека се прекршени законите, соопшти СДСМ.

692

Не е точно дека постои апликација „Големото око“, како лажно што обвинува ВМРО-ДПМНЕ, ниту пак дека е прекршен изборниот процес или личните права на граѓаните, најмалку дека се прекршени законите, соопштија денеска од СДСМ.

Во тимот на Гордана Сиљановска, анонимен свиркач пријавил дека „СДСМ собира лични податоци за граѓани преку апликација на смарт телефоните. Апликацијата, според дојавата, е инсталирана преку гугл плеј, а податоци се собираат и за личните контакти и за следење на движењето на граѓаните преку т.н. гео-локации“.

Од тимот на Сиљановска велат дека за ова ги известиле надлежните институции:  одделот за компјутерски криминал при МВР, Комисијата за заштита на лични податоци, Јавното обвинителство, Антикорупциската комисија, ДИК, како  и сите странски амбасади и меѓународни институции. Како што се нгласува, од Јавното обвинителство бараат да одреди веднаш мерка за забрана на користење на апликацијата и да спречи уништување на доказите и да го конфискува серверот на СДСМ, за да се изврши увид во него. А на граѓаните им сугерираат веднаш да ја избришат апликацијата.

– Лага на ВМРО-ДПМНЕ е дека постои апликација која прибира лични податоци на граѓаните, матични броеви или други лични информации. Исто така, лага е дека се прибираат мета дата податоци од паметни телефони. Сѐ ова се целосни измислици на ВМРО-ДПМНЕ, соочени со стравот од изборен пораз и слабата поддршка што ја имаат од граѓаните, изјавија од СДСМ. 

Контрадикторноста и невистините пласирани од ВМРО-ДПМНЕ се гледаат во тоа што во еден пасус тврдат дека постои апликација која се користи од страна на членови на СДСМ и која прибира податоци од сите што ја симнале (значи членовите на СДСМ), а во друг пасус пак тврдат дека преку истата апликација се прибираатинформации за интернет ативностите на сите граѓани.

– Едното со другото тврдење на ВМРО-ДПМНЕ е контрадикторно и неточно, очигледно во брзање да наведат што повеќе невистини ги измешале лончињата. Вистината е сосема поинаква. СДСМ користи современ, иновативен начин на водење кампања, модел којшто е преземен од сестринските партии од Шведска. Системот не прибира лични податоци на граѓаните, не содржи фотографии, ниту дата податоци од паметни телефони ниту интеренет активности – велат од СДСМ. 

Од оваа партија нагласуваат: За разлика од ВМРО-ДПМНЕ кои знаат само за злоупотреби, притисоци, закани и уцени, СДСМ спроведува современа кампања поврзана исклучиво со работата на сопствените активисти и наведените барања на граѓаните.

СДСМ е отворена за секоја државна надлежна институција да изврши увид и да го потврди ова наше тврдење односно да ги демантира конструкциите и лагите на ВМРО-ДПМНЕ.

ВМРО-ДПМНЕ да не смислува алиби и да не бара оправдувања за бојкот, соочена со изборниот пораз кој ги чека.

 

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...