ВМРО-ДПМНЕ падна толку ниско што злоупотребува дури и несреќен случај кој за чудо завршил без човечки жртви, одговара СДСМ на обвинението од ВМРО-ДПМНЕ дека вработен со договор на дело во Министерството за земјолдество оштетил службен автомобил.
„Социјалдемократскиот сојуз на Македонија најостро го осудува ова садистичко однесување на ВМРО-ДПМНЕ. Министерството за земјоделство веќе ги демантирше лагите и конструкциите изнесени на порталите блиски до ВМРО-ДПМНЕ, во врска со сообраќајната несреќа на лице вработено во кабинетот на министерот.
Ниту е точно дека несреќата се случила надвор од работно време ниту е точно дека возилото било управувано без одобрение. Лицето има одобрение потпишано од министерот и со тоа законски управувало со возилото.
Второ, деталите за несреќата се објавени во службениот билтен на Министерството за внатрешни работи, наспроти лагата на ВМРО-ДПМНЕ дека не се.
Срамно, ниско и недозволиво е поигрување со човечки животи и злоупотреба на несреќен случај за политички манипулации со јавноста“, се наведува во реакцијата на СДСМ.