ВМРО-ДПМНЕ мора да покаже одговорност и да престане да ги блокира реформите, обидувајќи се да го кочи напредокот на Македонија кон членство во ЕУ и НАТО, реагира СДСМ.
Изборниот законик и Законот за финансирање на политички партии се одамна усогласени и ние сме подготвени веднаш да ги поддржиме во Собранието. ВМРО-ДПМНЕ ги прифати текстовите на законите, кои веќе се напишани.
На сите треба да им биде јасно дека амнестија за криминал нема да има.
Очекуваме ВМРО-ДПМНЕ да ја свика Комисијата за избори и именувања за да се изберат членови на Државната изборна комисија. Тоа впрочем е предуслов за одржување на референдум за иднината на државата.
Македонија оди напред како модерна, демократска држава пријател на светот и членка на ЕУ и НАТО.
Ниту еден обид на деструктивните сили нема да ја врати државата во времето на изолации, поделби и неизвесност, граѓаните ќе кажат ДА за македонската иднина, соопшти партијата.