Очигледен е стравот од неуспех кај ВМРО-ДПМНЕ од предвремени брзи избори, но очигледна е и поддршката на граѓаните кон СДСМ за заложбите кои ги прави, реагираат социјалдемократите.
„Очигледен е стравот кај ВМРО-ДПМНЕ, очигледно е колку се уплашени од предвремени брзи избори. Втор ден не смеат да гукнат за брзи избори. Но, едно е јасно нема враќање на блокадите и деструкцијата на штета на државата и граѓаните“, велат од СДСМ.
Оттаму додаваат дека за само две години СДСМ преку политиките кои ги води, решил повеќедецениски спор, гради пријателски односи со соседите, економијата е во раст итн.
Прозивајќи ја опозицијата, социјалдемократите велат дека 11-годишното владеење на ВМРО-ДПМНЕ остави огромни последици, изолирана држава скарана со соседите, осиромашување на граѓаните…