СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ втор ден лаже и измислува непостоечки случаи

305

Втор ден ВМРО-ДПМНЕ продолжува со очајно ширење лаги и измислување на непостоечки случаи со кои се обидува да ја манипулира јавноста. Договорените тендери се одлика на криминалното владеење на ВМРО-ДПМНЕ партијата која не нуди ништо освен лаги, измислици и непостоечки случаи, соопштија од СДСМ. 

Град Скопје и официјално ги демантира лагите на ВМРО-ДПМНЕ. Според официјалните информации, соработката со посочената компанија е остварена законски, тврдат од оваа партија.

На јавен повик за јавна набавка на кој можат да учествуваат сите компании кои ги исполнуваат условите, избрана е посочената компанија како најсоодветна, регуларно и низ сите законски прописи.

ВМРО-ДПМНЕ заборава дека истата компанија соработувала со Град Скопје и во минатото, во време кога градоначалник е Коце Трајановски. Тој факт дополнително ги побива лажните вести на опозициската партија.

ВМРО-ДПМНЕ веќе не може преку  лаги и невистини не може да ги манипулира јавноста и граѓаните, никој повеќе не верува во нивните измислици.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...