СДСМ вечерва на конгрес ќе ги објави носителите на изборните листи

159

Социјалдемократскиот сојуз вечерва во 18 часот во скопскиот хотел „Александар Палас“ ќе го одржи 24. Конгрес на кој се очекува да бидат објавени сите носители на листи и кандидати за претстојните парламентарни избори.

Согласно агендата, Kонгресот ќе има отворен и работен дел, а на почетокот на отворениот дел ќе се обратi лидерот на партијата Зоран Заев.

Од СДСМ информираат дека преносот во живо од обраќањето на Заев може да се следи и на неговата официјална фејбук страна и на Јутуб каналот на СДСМ.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...