Анти НАТО Мицкоски, кој нема став за клучните прашања за државата, кој го брани криминалот на Груевски е срам за Македонија. Овој народ, граѓаните на Македонија, немаат кратко помнење, не можат да ги заборават црните 11 години кои тој, неговиот ментор Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ ѝ ги нанесоа на земјава – соопштија од СДСМ одговарајќи му на лидерот на опозицијата, Христијан Мицкоски, по одржаниот протест денеска во Велес на ВМРО-ДПМНЕ.
Од СДСМ соопштуваат: Додека граѓаните осиромашуваа заради криминалот на ВМРО-ДПМНЕ анти ЕУ Мицкоски од Груевски добил бизнис со хидроцентрали и земјиште, токму во време кога бил негов советник.
Додека Македонија економски тонеше, далеку од ЕУ и НАТО, Мицкоски бил прв човек на кадровската комисија на ВМРО-ДПМНЕ и директен соучесник на сите црнила.
Додека Мицкоски гордо се шета низ палатата на ВМРО-ДПМНЕ симболот на криминалот и црните пари нема никаков кредибилитет и не е достоен за Гемиџиите ниту за Рацин – се вели во соопштението.
Како што се нагласува во соопштението, додека Македонија решава проблеми што неговата ВМРО-ДПМНЕ ги остави и забрзано чекори напред, црнило е да немаш став за најважните прашања, членството во НАТО и ЕУ. Анти НАТО Мицкоски сака да ја носи Македонија во црни, темни провалии, освен црнила не нуди ништо добро. Залудни се обидите на конфузниот Мицкоски. Секој ден Македонија и граѓаните се подалеку од темното минато на ВМРО-ДПМНЕ и се поблиску до членство во ЕУ и НАТО, до светла и сигурна иднина – велат од СДСМ и порачуваат:
Македонија оди напред кон иднината и враќање назад нема, Мицкоски и врвот на ВМРО-ДПМНЕ остануваат сами и изолирани во одбраната на криминалот.