СВР Охрид под блокада од жители на Волино

Од безбедносни причини сите патишта кон полициската станица моментално се блокирани.

1819

Полициската станица во Охрид е блокарана од жители на селото Волино, откако полицијата приведе неколку жители од селото кои направиле инцидент на фудбалскиот натпревар помеѓу Волино и Црнобуки.

Полицијата која го обезбедувала натпреварот за да спречи поголем инцидент привела неколку навивачи на Волино.

При обидот приведените да бидат спроведени во полициската станица во Охрид, жители на селото Волино поставиле барикади и го спречиле полициското возило да го напушти селото. Приведен е и еден фудбалер.

Реагирал Градоначалникот на Општина Дебарца, Зоран Ногачески, кој за да ги смири  жителите на Волино влегол во полициското возило и заедно со нив бил спроведен во станица.

Жителите на Волино потоа поставиле блокада и пред полициската станица во Охрид.

Од безбедносни причини сите патишта кон полициската станица моментално се блокирани.

Од МВР го потврдуваат инцидентот и работат на решавање на случајот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...