Свлечиште го затвори патот Хани Елезит – Качаник

169

Магистралниот пат Хани Елезит – Качаник е затворен за сообраќај денеска од 10 часот на неодредено време се додека не биде отстранет ризикот по безбедноста на сообраќајот, поради свлечиште, информира МВР.

Известувањето за затворање на патот е добиено врз основа на договорот помеѓу Владите на Македонија и на Косово за фунционирање на Заедничкиот контакт центар.

– Граничните премини од двете страни се отворени за сообраќај и истиот во внатрешноста на тој дел од Република Косово се одвива по алтернативни патишта. Околу начинот на функционирање на товарниот сообраќај, јавноста дополнително ќе биде информирана – соопшти МВР:

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...