Свиња ја урна од функција министерката на Северна Рајна-Вестфалија

1022

Министерката за земјоделство и животна средина на германската покраина Северна Рајна – Вестфалија, Кристина Шулце Фекинг денеска поднесе оставка на функцијата, по повеќемесечни критики и добиени аномини закани поради запоставување на свиња на нејзината семејна фарма.

Како што јави ДПА, притисокот врз Шулце Фекинг започна отккао минатото лето на интерент беше објавена видео снимка од нејзината семејна фарма на која се гледа свиња со крвави траги и видливи значи на запоставеност.

Против Шулце Фекинг не беше покренато никакво формално обвинение бидејќи не беа утврдени прекршувања на законодавството за благосостојба на животните.

Објавувајќи ја својата оставка Шулце Фекинг нагласи дека не чувствува одговорност за она што досега го сторила.

– Но, во последниве неколку месеци и недели со соочив со закани упатени кон мене, мојата безбедност и мојот живот преку анонимни писма и доректно на интернет. Не мислев дека тоа е можно, бидејќи се отиде предалеку во однос на она што може да се толерира, изјави Шулце Фекинг на прес-конференција во Дизледорф.

Шулце Фекинг додаде рече дека цената што ја плаќаат таа и нејзиното семејство е премногу висока за да продолжи да ја врши функцијата.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...