Украинската тенисерка Елина Свитолина бележи напредок од три места и се најде на 4. место на најновата ВТА ранг листа која е објавена денеска. Нејзиниот скок е резултат на освоениот завршен турнир во Сингапур.
Пред Украинката се Халеп, Кербер и Вознијацки.
Пласман на ТОП 10 тенисерки на ВТА ранг листата:
- (1) Симона Халеп (Романија) – 6.921 поени
- (2) Анџелик Кербер (Германија) – 5.875
- (3) Каролина Вознијацки (Данска) – 5.586
- (7) Елина Свитолина (Украина) – 5.350
- (4) Наоми Осака (Јапонија) – 5.115
- (6) Слоун Стивенс (САД) – 5.023
- (5) Петра Квитова (Чешка) – 4.630
- (8) Каролина Плишкова (Чешка) – 4.465
- (9) Кики Бертенс (Холандија) – 4.435
- (10) Дарија Касаткина (Русија) – 3.315.