Свиркачот од МВР кој е еден од двајцата кои го открија масовното прислушување попладнево заврши со одговарање на прашањата од СЈО, а од наредното рочиште вкрстено ќе го испрашува одбраната.
– Би сакал на крај да додадам. Овие материјали ги собиравме јас, Ѓоко Лазаревски и Зоран Верушевски. Никогаш немало вмешаност на никакви странски служби, немало никакви плаќања во смисла некој да ни плаќа за да ги собирсме овие материјали. Ова го направивме за да собереме докази за тоа што се случувало од 2008 односно од 2010 па се до 2013 година. Мислам во однос на следењето на комуникациите во МВР – рече тој.
Следното рочиште за Таргет-Тврдина тврдина е на 26 март.