Пливач брутално ја убил 16-годишната Русинка, Сафија Аскарова, откако таа му раскинала, пренесува „Курир.рс“.
Младата девојка, исто така пливачка, наводно му кажала дека сака да се фокусира на спортската кариера, да го оствари својот сон и да биде олимписка шампионка.
Никита Малигин не можел да се помири со тоа дека го оставила. Тој бил убеден дека таа нашла негова замена. Земал нож и ја избодел по телото и вратот. Аскарова била избодена повеќе од 30 пати.
Убиецот го признал злосторството, тврдел дека таа му рекла да „оди во пеколот“, додека тој ја молел да не стави крај на нивната врска.
– Го извадив ножот. Се сеќавам на убодот по кој таа падна. Сафија се обиде да побегне, но јас продолжив да ја бодам со ножот. Не сфатив што направив, дури на пат кон дома се свестив – признал тој.
Аскарова важела за голема надеж во руското пливање, била втора на шампионатот за млади во цела Русија во 2017 година.
ФОТО: Курир.рс / Принтскрин