Свингери завршиле голи на улица: Тргнале во жешка акција, а потоа за малку ќе загинеле ВИДЕО

Евакуираните свингери морале надвор да го чекаат крајот на операцијата надвор, и тоа обвиткани во крпи.

1483

Полуголите гости во свингерскиот клуб се нашле на улица во Германија, бидејќи објектот во кој биле бил евакуиран.

Во саботата на 2 ноември околу 21 часот Итната помош примила повик, а свингерите панично рекле дека пронашле едно лице без свест во една од просториите на клубот.

Кога пристигнале спасувачите, било утврдено дека во просторијата се наоѓа голема количина јаглерод моноксид.

Спасувачките служби од таа причина ја евакуирале цела зграда, односно 350 луѓе.

Гостите веднаш биле оддалечени од клубот и им била укажана медицинска помош. Вкупно биле хоспитализирани седум лица.

Евакуираните свингери морале надвор да го чекаат крајот на операцијата надвор, и тоа обвиткани во крпи. Останатите гости биле згрижени и прегледани во автобуси и шатори.

Уште не е јасно како јаглерод-моноксидот протекол во свингерскиот клуб.

– Сите мерења на пожарната служба беа негативни – рекле спасувачите.

Снабдувачите и оџачарите сега ја бараат причината за протекувањето. На самото место имало вкупно 100 спасувачки тимови.

Видеото можете да го погледнете тука.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...