Малтешкиот свештеник Џон Султан предизвика контроверзии и гнев кај своите сонародници, кога тој на улица во градот Зебуг, стоејќи во „порше“ со отворен кров ги отпоздравувал луѓето, а група деца го влечеа возилото.
Според него, „тоа не е ништо страшно“, и негативните коментари од некои луѓе „се неумесни“.
Меѓу оние кои реагираа на ваквото искористување на децата, е и малтешката претставничка во Европскиот парламент, Марлен Мици.
– Невкусно и грубо фалбаџиство. Одвратно! Па, што му е нему!? – прашува ревносно таа.
Од Малтешката црква сѐ уште немаат официјален став.
ФОТО: МИА