Дивоградбата кај Чинарот во заштитената зона на стариот дел на Охрид, од вчера стана пицерија „Луна” во сопственост на општинскиот советник од ДУИ Нефи Усеини.
На отворањето синоќа присуствувал и струшкиот градоначалник Рамиз Мерко, пренесува „360 степени“.
Дивоградбата никна на државно земјиште без дозвола и има решение за уривање. Од март, кога почна поставувањето на оваа летна тераса, довршувањето на овој објект никој не го спречи.
УНЕСКО даде рок до февруари да се спроведат сите нивни препораки за заштита на културното и природно наследство на Охрид.
Советникот Усеини гради и бетонска база на брегот на Охридското Езеро, на стариот пат Охрид-Струга. Без дозвола. И без никаква интервенција на надлежните органи.