Светски хуманитарен пикник во Градски парк

181

Хуманитарен Светски пикник ќе се одржува денеска од пладне во Градскиот парк каде што со своја оригинална и традиционална храна ќе се претстават Австрија, Белгија, Велика Британија, Германија, Грција, Италија, Шпанија, Холандија, САД, Словенија, Турција и Швајцарија.

Организатори на четвртиот Светски пикник се Стопанската комора на Македонија и Советот на странски инвеститори. На неформалниот настан, со многу музика и забавни содржини, посетителите имаат можност  да вкусат карактеристични рецепти од различни земји од каде што има инвеститори во земјава. Собраните средства ќе бидат донирани во хуманитарни цели.

– Хуманитарната димензија на овој настан ја покажува цврстата определба на странските инвеститори да бидат пример за општествено одговорно и грижливо работење. По успешната организација на Светскиот пикник во претходните три години, продолжуваме да ја одржуваме оваа благородна идеја, со цел промовирање на позитивните ефекти на странските инвеститори врз националната економија, по пат на неформално дружење, преку претставување на културата на земјите од каде што потекнуваат, нивната традиционална храна, како и другите културни обележја, соопшти Стопанската комора на Македонија.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...