Светската музичка сензација пронајдена мртва во станот, трпела страшно малтретирање ФОТО

Пред неколку месеци, Сули зборувала за медиумите за чувствата на немоќ и анксиозност со кои се соочува секојдневно.

13585

Ѕвездата на популарниот К-поп, Сули, е пронајдена мртва на подот во својот стан, на 25-годишна возраст, и тоа четири години откако се повлече од сцената, поради страшното психичко малтретирање.

Полицијата соопшти дека Сули ја пронашол нејзиниот менаџер кој отишол во нејзината куќа и ја пронашол пејачката мртва. Смртта е утврдена во 3 часот и две минути по полноќ. Менаџерот тргнал накај Сули откако таа не одговорила на неговите телефонски повици ниту на имејловите неколку дена.

Пејачката ѕвезда, со вистинското име Чои Jин-ри, беше поранешна детска актерска ѕвезда, а се прослави на 14 години. Откако стана членка на женска музичка група, таа настапуваше четири години, а потоа се повлече од јавноста заради грозоморното психичко и вербално злоставување и насилство на интернет.

Сули на интернет ја малтретирале и навредувале, а таа секако многу страдала поради сето тоа. Затоа, во 2015 година одлучила да се одмори од музиката и да се посвети на самата себе и на својата актерска кариера.

По три години пауза Сули ѝ се вратила на музиката, во 2018 година, а обожавателите докажале дека не ја заборавиле. Со 6 милиони следачи на Инстаграм, Сули била една од најголемите ѕвезди во Јужна Кореја, а се појавила и во низа ТВ-серии и филмови.

Освен по глумата и музиката, Сули во Кореја била позната и како една од иконите на феминизмот. Отворено се борела за правата на жените, а минатиот месец се нашла на удар на конзервативците кои забележале дека во едно од видеата ѝ испаднала брадавицата. Сули трпела страшно онлајн насилство и малтретирање.
Слатката русокоса исто така креваше прашина со нејзината одлука да не носи градник, што се смета за неприфатливо во конзервативната Јужна Кореја.

Пред неколку месеци, Сули зборувала за медиумите за чувствата на немоќ и анксиозност со кои се соочува секојдневно. Таа признала дека уште од детството се борела со напади на паника.

Полицијата сè уште ја истражува причината за смртта на младата Сули. Инаку, Сули била добра пријателка со друга К-поп-ѕвезда, Јонгјун, која си го одзеде животот пред две години.

FOTO: Printskrin/Instagram/Skrinsot

Image result for choi jin-ri breast

FOTO: Wikipedia

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...