Светот ја дочека 2020 година весело и со огномети

86
epa08095787 Fireworks explode over Sydney Harbour during the Family Fireworks as part of New Year's Eve celebrations in Sydney, Australia, 31 December 2019. The smaller firework is launched at 9pm local time for children and families. EPA-EFE/DARREN LEIGH ROBERTS AUSTRALIA AND NEW ZEALAND OUT EDITORIAL USE ONLY

Светот ја дочека Новата година весело и со огномет од Сиднеј до Лондон, иако прославите останаа под сенката на пожарите во Австралија, протести во Хонг Конг и Индија, како и нуклеарни тензии со Северна Кореја.

Жителите на Кирибати, Самоа и Божиќниот Остров во Тихиот Океан беа први што влегоа во 2020 година, а последни што влезат во Новата година ќе бидат жителите на Американска Самоа.

Бројни граѓани се собраа во европските престолнини за да уживаат во спектакуларните бои што ги осветлуваа небото над Биг Бен во Лондон, Триумфалната порта во Париз, Атинскиот Партенон и московскиот Кремљ.

Во Париз, радосната маса на Парижани и туристи се упати кон централното пречекување на Елисејските полиња, пеш, на велосипеди или скутери, бидејќи метро не беше во функција заради штрајкот на француската Унија за железници.

Огнометот беше во близина на Триумфалната порта.

Во Рим, папата Франциско беше пречекан од граѓани и туристи на плоштадот „Свети Петар“,со весели извици „Папа, папа“ и „Среќна Нова година“.

Папата го повика собранието да покажат поголема солидарност во Новата година и „да градат мостови, а не sидови“.

Русија влезе во Новата година со обраќање на претседателот Владимир Путин, кој ги повика граѓаните да работат заедно следната година.

Единствената работа што недостасуваше на оваа новогодишна ноќ, што е вообичаена слика за Москва, е снежната покривка – последица на многу топол декември во руската престолнина.

Во Лондон со спектакуларен огномет беше дочекана Новата година.

Британскиот премиер Борис Џонсон во новогодишната порака вети дека брегзит ќе биде завршен пред крајот на јануари.

„Додека се збогуваме со 2019 година, можеме да ја свртиме страницата од поделбите, гневот и неизвесноста кои доминираат во јавниот живот и нр држат назад премногу долго“, нагласи Џонсон.

Жителите на Австралија ја дочекаа Новата година, со традиционален, спектакуларен огномет што се одржува над Сиднејското пристаниште, и покрај смртоносните пожари кои принудија илјадници да бараат засолниште на плажите и принудија многу градови да ги откажат прославите.

Во Јапонија, граѓаните ѕвонеа во будистичките храмови за да ја прослават Новата година во согласност со традицијата.

Во Пјонгјанг, главниот град на Северна Кореја, луѓето го поздравија доаѓањето на Новата година со голем огномет.

Новата 2020 година беше дочекана со радост во Кина, а раскошен музички концерт се одржа во Пекинг, со многу играчи и актерки, во шарени костуми.

Илјадници луѓе во Хонг Конг ја дочекаа 2020 година на пристаништето Викторија, во уште еден протест по ред што започна во јуни поради спорниот закон за екстрадиција, а полицијата дури во еден момент употреби солзавец и водени топови против демонстрантите.

Властите во Хонг Конг откажаа популарен новогодишен огномет над пристаништето Викторија, плашејќи се од неред за време на најавените протести.

И во Индија илјадници луѓе излегоа на улиците на новогодишната ноќ во знак на протест против контроверзниот закон за државјенство.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...