Светот ја виде Црната дупка. Долго очекуваните резултати од соработката „Event Horizon Telescope (EHT)“ се објавени, односно за прв пат е објавена фотографија на Црната дупка во историјата на човештвото.
Самата црна дупка не е видлива, но научниците од EHT успеаја да ги снимаат низата случувања на црната дупка, која може да ја прикаже нејзината сенка или силуета.
– Го видовме она што мислевме дека е невидливо. Ја видовме и ја фотографиравме црната дупка – рече Шеперд Долеман, директор на Event Horizon Telescope Collaboration (ЕХТ), глобална мрежа на телескопи кои ја доловија првата фотографија од црна дупка.
Според Европската опсерваторија која е дел од ЕХТ, во обидот да се направи фотографија од црната дупка, научниците ја комбинирале моќта на осум радиотелескопи низ светот. Ова ефикасно создава виртуелен телескоп со иста големина како и самата Земја.
Според НАСА, црните дупки се составени од огромни количини материи концентрирани во мала област, создавајќи масивно гравитационо поле кое се привлекува сè што е околу него, вклучувајќи ја и светлината.
Црната дупка, која астронаутите успеале да ја фотографираат е со пречник од 40 милијарди километри – три милиони пати поголема од Земјата. Научниците ја опишаа како „монструозна“.
Црната дупка се наоѓа 500 милиони трилиони од Земјата, а фотографијата е направена благодарејќи на мрежа од осум телескопи поставени ширум светот.
Професорот Хаино Фалке од Радбод универзитетот во Холандија, кој и го предложи експериментот, соопшти дека црната дупка е пронајдена во галаксијата М87.
-Она што го гледаме е поголемо од целиот наш Сончев систем. Потешка е 6,5 милијарди од Сонцето и е една од најтешките постојни црни дупки. Апсолутно чудовиште. Шампион на универзумот во тешка категорија на црните дупки, со боксерски речник јас опиша црната дупка професорот Фалке.