На скопскиот плоштад вечерва блесна новогодишната елка, распеана со божикни песни што ги пееја 120 средношколци. А главниот град доби од денеска уште една населба – новогодишниот Винтерленд на плоштадот Македонија.
Скопјанчиња, заедно со децата од другите градови, ќе може да уживаат во украсените куќички, каде има катчиња за игра и смеа, мечтаејќи што ќе им донесе Дедо Мраз на 1. јануари в година.
Оние кои ќе добијат лизгалки за подарок, ќе може да пробаат колку се вешти на мраз на лизгалиштето во населбата.
Уживајте!