Светло-техничар од МНТ паднал и тешко се повредил на сцена

203

Вработен како светло-техничар во Македонскиот народен театар во Скопје е тешко повреден откако паднал од висина додека работел, вчера околу 13.30 часот, соопшти полицијата.

Вработениот В.Ч.(35) од Скопје, додека изведувал работни задачи, паднал од висина и се здобил со тешки телесни повреди, по што бил пренесен во Комплекс клиники „Мајка Тереза“. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...