Тунелот Демир Капија-Смоквица има непречено осветлување, инфоремира ЕВН.
– Тунелот се напојува од страната на Удово, што значи дека во него постојано има осветлување. Планираните активности на екипите на ЕВН се одвиваат само во делот кој се користи како резервно напојување на тунелот. Доколку пак дојде до прекин во напојување од двете страни сообраќајот на автопатот Демир Капија – Смоквица во двете насоки ќе се одвива под посебни услови во тунелите и во координација со јавното претријатие за државни патишта, стои во соопштението.