Сведоштво на премиерот за 27 април: „Убиј го Заев, убиј ги пратениците“!

Додека толпата се обидувала да влезе во Собранието, на Зоран Заев член од обезбедувањето му понудил да го евакуира, но тој одбил бидејќи евакуацијата била понудена само за него, а не и за другите, раскажа Заев во неговото сведочење во судот за 27 април.

1088
Додека толпата се обидувала да влезе во Собранието, на Зоран Заев член од обезбедувањето му понудил да го евакуира, но тој одбил бидејќи евакуацијата била понудена само за него, а не и за другите, раскажа Заев во неговото сведочење во судот за 27 април.
– Со влегувањето бевме изложени на директни физички и вербални напади. Тоа траеше безмалку два часа, каде покрај вербалните навреди беше употребувана и закана како „Убиј го Заев, убиј ги пратеници, фатете го како можете“ – рече Заев.
Премиерот рече дека секоја секунда чекал да го изгуби животот.
– Верувам дека одбраната што ја пруживме беше пресудна за да ги спасиме животите. Се сметам за разумен и знам да проценам кога е намерата некој да биде физички повреден, а кога на некој да му се одземе животот. Жалам за настанот но среќен сум што немаше човечки жртви. До ден денес не можам да прифатам да водам толку мои сограѓани кои носеа толку омраза и зло во своите очи за да допре до друг да му одземе живот. Само на филм имам видено вакви сцени и се трудам да ги заборавам. Она што беше најстрашно беше моментот кога гледате дека во вториот ред веднаш после напаѓачите се шетаат луѓе кои се однесуваат наредбодавачки, барајќи со очите и со главата за да најдат чиста мета веројатно за да маваат со нешто или да пукаат. Велам да пукаат, зошто во тие 2 часа беше забележливо дека дел од луѓето носеа огнено оружје – сведочеше Заев.

 

Видено 18:10

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...