Сведоци на одбраната ќе сведочат за луксузниот мерцедес

219

Во Кривичниот суд за денеска е закажано ново рочиште за предметот на СЈО „Тенк“, што се однесува за набавката на луксузниот мерцедес од 600 илјади евра. Во судница треба да се појават сведоци на одбраната.

Во „Тенк“ обвинети се поранешниот премиер Никола Груевски, поранешната министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска и поранешниот помошник министер во МВР Ѓоко Поповски.

На претходното рочиште одржано пред два дена, Судот донесе одлука да ја раздвои постапката за Јанкулоска поради „ризична бременост“.

Обвинителите на СЈО побараа раздвојување на постапката за Јанкулоска, односно да и се суди одвоено.

На нивното барање се противеше одбраната на Груевски и Поповски, бидејќи според нив Јанкулоска е важна за нивната одбрана.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...