Вработен во Собранието, Владимир Стојков, раскажа дека дента за главниот влез бил задолжен обвинетиот Абдулфета Алими и кажа како пратеници ги отвориле вратите. Неговото работно место било тогаш покрај вратата од пленарната сала.
Кога дошло до тензии помеѓу пратеници, сведокот Владимир Трајков и Алими добиле насоки од началникот да го пренесат формациското оружје горе во кабинет зашто не е безбедно да остане доле бидејќи може да дојде некој да го земе и да го употреби. Кога го носеле оружјето кон кабинетот слушнале викање и кога се вратил назад кај главниот влез ги забележал пратениците.
– Се слушаше врева, се стрчав по скалите кон главниот влез.Ги забележав Крсто Мукоски и Сашо Василевски како ги вадат гредите од средната врата. Една од трите врти на главниот влез. На мое укажување ,,Што правите?”, Мукоски ми рече ,,Тоа не е твоја работа”. Во ќошот каде е влезната врата кон пленарна седница имаше и други пратеници и довикуваа ,,уууу” и пцуеја. Пробав и ја вратив едната греда, а другата греда Крсто Мукоски ја фати од едниот крај и не ми дозволи да ја вратам додека пратеникот Сашо Василевски се упати кон другата врата и ја тргна едната греда по што јас и Абдулфета се повлековме нагоре кон кабинетот – раскажа сведокот.