Сведок од УБК тврди до системот за прислушување се пристапувало и од поранешниот аеро-клуб, а во план бил и пристап од Пештани

1263

До системот за прислушување во УБК, „Најс“, можело да се пристспува од неколку локации надвор од кругот на МВР, раскажа инженерот Сашо Трајковски, вработен во УБК, на денешното судско рочиште за „Таргет-Тврдина“ во Кривичниот суд.

Тој рече дека за стариот систем „Веринт“ може да тврди дека пристап надвор од МВР немало, освен еднаш во 2007 година кога се пристапило за време на конференција на НАТО во Охрид.

– За „Најс“ системот знам дека имаше посебно одделение во некогашниот Аеро клуб спроти гимназијата Јосип Броз Тито во Центар каде по насоки на началникот Горан Грујевски беа инсталирани работни станици. Тоа е единствен случај за кој знам дека се пристспувсло надвор од кругот на Министерството. Дури во текот на 2016 година кога бев префрлен со канцеларија кај аеродромот во Петровец разбрав од колега дека имало стан кај железничка станица од каде се пристапувало и наводно кога колеги од МВР кои доаѓале таму го зафаќале паркингот па станарите се бунеле – раскажа Трајковски.

Покрај овие локации, тој рече дека и во просторија кај базенот во Аеродром биле инсталирани комјутери кои наводно служеле само за маркирање.

– Имаше и план наводно да се пристспува до системот за следење и од објект во Пештани, некогашната полициска станица, но не знам дали тоа се реализирало – рече сведокот.

Судењето е во тек.

Трајовски е третиот сведок во овој случај, пред него сведочеа двајцата свиркачи од УБК, Ѕвонко Костовски и Ѓорѓи Лазаревски.

Во „Таргет-Тврдина“ обвинети се поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков, Тони Јакимовски кој му беше шеф на кабинет, Горан Грујевски – поранешен началник на Петатта управа и Никола Бошковски – ексразузнавач, како и Владимир Варелов од УБК и уште пет други лица од Управата.

Според обвинителниот акт, преку три системи за следење на комуникациите во УБК, во периодот од 2008 до 2015 година незаконски биле следени 4.286 телефонски броеви за кои воопшто не биле издадени судски наредби. Комуникацијата била следена пред да бидат издадени и по завршување на траењето на важноста на судските наредби на 1.541 број или вкупно 5.827 телефонски броеви. Прислушувани биле над 20 илјади граѓани.

Повеќе од денешното рочиште:

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...