Сведок од „Ноќните волци”: На 27 април Бетмен беше исплашен, збунет и испотен

3698

Во Кривичниот суд во Скопје денеска на рочиште за 27 април се сослушуваат сведоци на обвинетиот Богдан Илиевски Бетмен. Еден од нив е Томислав Јовановски, член на мото-клубот „Ноќни волци” кој кажа дека како клуб во два наврати учествувале на протестите „За заедничка Македонија” и ја предвиделе поворката.

Тој кажа дека протестите биле мирни и без никакви проблеми. На 27 април рече дека не бил на протестите но кога видел на телевизија што се случува заминал накај Собрание и го побарал Бетмен.

– Го најдов Богдан. Беше исплашен збунет и испотен. Го прашав што се случува внатре и ми одговори „Само те молам не влегувај” – рече Јовановски.

Како сведок на Бетмен сведочеше уште една учесничка на протестите, Ивона Опетческа Татарческа. Таа рече дека дента протестите тргнале како и претходно, од пред Владата кон Собранието. Пред законодавниот дом, таа требало да биде еден од гостите говорници, а било предвидено играорна група да го изигра орото Копачка.

– По десетина минути мое говорење прашав дали сега се на ред играорците бидејќи стоеја позади и дали може сега да излезат да го одиграат орото. Но, луѓето на мобилните виделе дека во Собранието се пеела химна на друга држава и беа вознемирени. Тогаш Богдан рече дека ќе го одложиме за кратко орото, а насобраните ги замоли да не довикуваат на полицијата, бидејќи таа е таму по службена должност – раскажуваше сведокот потенцирајќи дека не насетувале дека нешто се случува.

Поради атмосферата, играњето се откажало, играорците заминале.

– Повозрасен господин со мобилен телефон викна вознемирено: „Д жали гледате вие што се случува во Собранието? До кога ќе се заебавате со нас?” Богдан му одговори: „Јас никогаш нема да повикам на насилство” – рече Опетческа Татарческа.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...