Сведокот Ресмије Аземи на 3. март ќе сведочи за „Титаник 3” преку видео врска од Германија

Досега оваа судска постапка два пати почна од почеток. Обвинението за овој предмет го покрена СЈО, а се работи за изборни нерегуларности сторени во локалните избори во Општина Чаир, одржани во 2013 година.

169

Кривичниот суд во Скопје ги усогласил термините со Судот во Германија, преку кој треба да се реализира видео – конференциската врска со сведокот Ресмије Аземи, за судскиот предмет „Титаник 3”.

Адвокатот Мефаил Арслани, правен застапник на обвинетиот Ејуп Алими, за МИА, изјави дека на денешното рочиште се закажани судските рочишта за 3, 16 и 18 март на кои треба да сведочи сведокот Аземи.

Судскиот предмет за „Титаник 3”, подолго време се води пред Кривичниот суд во Скопје. Досега оваа судска постапка два пати почна од почеток. Обвинението за овој предмет го покрена СЈО, а се работи за изборни нерегуларности сторени во локалните избори во Општина Чаир, одржани во 2013 година.

Судскиот процес го води судијката Марија Клетничка, додека обвинението го застапуваат обвинителите Фатиме Фетаи и Гаврил Бубевски.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...