Сведокот Аземи преку видео-врска од Германија ќе сведочи за случајот „Титаник 3“

511

Дали ќе се воспостави конференциска видеоврска меѓу сведокот Ресмије Аземи од Германија и Кривичниот суд во Скопје за случајот „Титаник 3” ќе се знае на денешното рочиште за овој предмет.

Минатото рочиште одржано на 29 јануари се одложи токму поради отсуството на овој сведок. Во известувањето на Судот се наведе дека сведокот на 20 декември минатата година преку е-пошта го известил Судот дека од здравствени причини нема да може да патува следната половина од годината.

Обвинети во овој предмет се Ејуп Алими и Исмет Гури од ДУИ. Според обвинението поведено од поранешното Специјално јавно обвинителство, обвинетите се товарат за изборни нерегуларности во Чаир на локалните избори одржани во 2013 година.

Судската постапка за „Титаник 3” досега двапати беше почната од почеток. Откога судијката Оља Ристова во март минатата година се иззема од овој предмет, за нов претседател на Судечкиот совет беше избрана судијката Марија Клетничка. Застапници на обвинението се обвинителите Фатиме Фетаи и Гаврил Бубевски.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...