Март е месец на борба против ракот на дебело црево и подигнување на свеста за превенција. Токму затоа нашата драга пријателка Сања Бајалска, која е можеби единствениот пациент кој јавно проговори за својата болест, состави листа од симптоми на кои сите ние треба да обрнеме внимание. Имено, според стручњаците, ракот на дебелото црево е втора по ред водечка причина за смрт поради малигни болести во развиените земји, а четврта во светот, и покрај фактот дека оваа болест може да се излекува со хируршка интервенција ако дијагнозата е поставена во раната фаза.
Токму затоа и Сања подготви флаер во кој ги наведе сите оние симптоми кои не смееме да ги занемаруваме. Таа назначува дека е флаерот изработен од пациент, а не од стручно лице, но, искрено, на кого можеме да му веруваме повеќе отколку на страдалник?
Еве ги и симптомите:
Крв во столицата
Промена на навиките на дебелото црево, вклучувајќи дијареа или запек или промена на конзистентноста на вашата столица
Слуз во столицата
Замор и изнемоштеност
Постојана абдоминална непријатност, како грчеви, гасови, или болка
Необјаснето губење на тежината
„Ракот на дебелото црево може да се излечи ако е откриен доволно рано и може да се спречи ако се откријат и остранат преканцерогените промени наслузницата на цревото, односно, полипите.
Не се срамете да зборувате за симптомите, обратете се кај вашиот доктор“, порачува Сања и додава:
„На сите телевизии има најмногу реклами за суплементи за желудник и црева. Не земајте ги на своја рака, јас така 2 години си ги прикривав симптомите“.